Македонија

Петков: Нема македонското малцинство во Бугарија, може да има авиолинија Софија-Скопје

Периодот од 6 месеци што го одредив беше за работата што треба да се направи меѓу Бугарија и РС Македонија. Никогаш не сум кажал точен рок за една или друга одлука, изјави за БТВ бугарскиот премиер Кирил Петков.

-Ова треба да биде функција само со резултат врз основа на овие работни групи. Влезот на РСМ во ЕУ, кога позицијата на Бугарија е на линија, е најдоброто нешто за Бугарија. Ги сакаме гаранциите што мора да ги има секој граѓанин на ЕУ, ова е нулта толеранција за дискриминација, додаде Петков. Сакаме правата на Бугарите таму да бидат вклучени во нивниот устав, додаде премиерот.

Зборувајќи за компромисите кои бугарската страна би можела да ги направи, Петков одговори:

– Бугарија може да биде иницијатор за пуштање на линијата Софија-Скопје, компромисот е кој ќе ја организира и финансира оваа линија, ова може да биде првиот чекор, рече Петков.

Според него, тој никогаш не разговарал со американски претставници за признавање на македонското малцинство во Бугарија кое и натаму ќе остане непризнаено и на маргините на бугарското општество и покрај инсистирањето и условувањето на бугарската страна бугарското малцинство во Република Северна Македонија да влезе во Уставот на земјата.

-Никогаш, никогаш. Нема такво малцинство и за такво малцинство дури не може да се зборува. Треба да го кажам јасно за сите гледачи, по таа тема има целосен консензус, за таа тема дури и не може да се водат дискусии, одговори Петков.

Претходно бугарскиот премиер даде интервју за македонската државна агенција МИА во кое нагласи дека на престојната посета во Скопје во вторник не носи никаков анекс на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, туку доаѓа со конструктивен тон и подготвеност за еден нов почеток, кој ќе биде подинамичен, попрактичен, ослободен од досегашните декларативни заложби и насочен кон конкретните важни прашања кои го задираат секојдневието на граѓаните на двете земји.

AnimeHeaven - Watch HD Anime Online Free | AnimeHeaven.pro. AnimeHeaven is the best animes online website, where you can watch anime online completely free. No download, no surveys and only instant premium streaming of animes.

AnimeHeaven Black Clover Episode 164

online anime Demon Slayer -Kimetsu no Yaiba- The Movie: Mugen Train (Dub)

AnimeHeaven Dragon Ball Super (Dub) Episode 122

stream anime online Horimiya

watch anime online AnimeHeaven Attack on Titan Season 3 (Dub)