Search

Петковски: Повикот за Али Ахмети во Хаг не е случаен, и Шешељ го викнаа како сведок па го осудија

Повикот во Хаг за лидерот на ДУИ, Али Ахмети не е случаен, ниту нивното ретерирање од барањето за Албанец премиер. И Шешељ го викнаа како сведок во Хаг па го осудија, кажа Тито Петковски на гостувањето во „Само Вистина“ на Канал 5.

-Евидентно е дека омекнувањето на ставот на ДУИ во однос на барањето за Албанец премиер не е направено по самостојна одлука во Мала Речица, туку со интервенција од надворешни фактори, смета претседателот на НСДП и поранешен претседател на Собранието.

Петковски вели формирањето ново парламентарно мнозинство нема да биде лесно, но очекува за скоро време да биде постигнат догвор за новата Влада.

Треба да знаете
Последни објави