Search

Петар Ристески одобрил поправка на приватно возило, со пари на Здравствен дом – Прилеп

Граѓаните бараат правда и одговорност за 11 годишното криминално и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

Истражните и судски органи, имаат обврска итно да ги проверат сомнежите за злоупотреби на парите од Здравствениот дом – Прилеп, кои вчера беа обелоденети од страна на актуелната директорка Аџиоска.

Имено, сегашниот претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески, кој повеќе години директоруваше со Здравствениот дом, според објавените информации од директорката Аџиоска, ставил потпис на фактура од 6.400 денари, за поправка на автомобил марка „Пежо 307“, иако оваа здравствена институција никогаш не поседувала такво возило.

Прашуваме, дали возилото „Пежо 307“ чија поправка е платена со пари од Здравствен дом – Прилеп, е истото возило кое во тој период го поседувал Зоран Јовески, тогашен финансиски раководител на оваа институција и актуелен секретар на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ?

Исто така прашуваме, дали освен партиската поврзаност на Петар Ристески и Зоран Јовески, постои и некаков друг меѓусебен интерес, што било причина овој „тандем“ во пакет да го преземи менаџирањето на Општата болница „Борка Талески“?

Да потсетиме, тогаш кога Петар Ристески беше именуван за директор на прилеската болница, едно од неговите први кадровски решенија беше преземањето на Зоран Јовески од Здравствен дом во болницата „Борка Талески“ и негово именување за финансиски директор на оваа здравствена институција.

Во оваа прилика го прашуваме екс директорот Петар Ристески, дали е точно дека во еден угостителски објект во градот, на сметка на Здравствениот дом се гоштевал партиски функционер на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп?

Почитувани,

Секој што се огрешил пред законите и ги злоупотребил народните пари, треба да одговара.

Со новиот Закон за јавно обвинителство, ВМРО-ДПМНЕ, извршителот Мицкоски и неговите локални послушници, повеќе не им можат ништо на обвинителите, судиите, поротниците.

Правда мора да има!

 

 

Треба да знаете
Последни објави