Search

Петар Богојески од Аеродром: 10ка е глас за искористување на нашата последна шанса за достоинствен живот

Граѓаните од Аеродром гласно ги искажаа своите проблеми со кои се соочуваат со години наназад. Големо е незадоволството и разочараноста од политиките на сегашниот владин состав. Сакаат промени, и тоа промени кои ќе донесат подобар, достоинствен живот за нив и нивните најблиски.

 

„Денеска заедно со мојот тим од Македонски концепт го посетивме Аеродром каде разговаравме со тамошните граѓани. Маката на граѓаните ја гледам во секоја нивна црта од изнемоштените лица. Нашиот народ веќе нема верба во државата. Доста ни е од импровизации со кои живееме веќе 30 години. Нашиот живот не е импровизација, да не дозволуваме други да ни го водат, затоа што граѓаните се тие кои ги трпат последиците”, вели Петар Богојески од Македонски концепт.

 

Македонски концепт е тука да ги слушне проблемите на граѓаните, и заедно со нивните сугестии да се реализираат политики кои ќе значат живот за секој граѓанин поединечно. Живот во фер општество и граѓанска држава, држава во која приоритетите на граѓаните ќе бидат пред личните приоритети на политичарите, држава без етнички партии, слободни граѓани, правда и сигурност за секој еден, ефикасно здравство, образование, држава на народот.

 

„Гласот за 10ка е глас за промена, глас за одговарање за неисполнување на политички ветувања, за следење на имотот на политичарите, за пратеници кои ќе работат волонтерски, а не за плата, за проектот 1,5 милијарди евра за обештетување на граѓаните од процесот на транзиција. Да почнеме да ги менуваме нештата на подобро и да ја вратиме државата во рацете на граѓаните. 10ка е глас за искористување на нашата последна шанса за достоен живот”, порача Богојески.

Треба да знаете
Последни објави