Search

Петар Богојески избран за нов член на Извршниот одбор на Македонско-американската алумни асоцијација (МААА)

Промоторот на Македонски концепт, Петар Богојески е избран за нов член на Извршниот одбор на Македонско-американската алумни асоцијација (МААА).

 

“Изразувам искрена благодарност до сите членови на MAAA кои на вчерашната собраниска седница, преку тајно гласање со огромно мнозинство ме избраа да бидам дел од Извршниот одбор на оваа организација, а особено на мојот противкандидат, господин Фитим Лога за учеството во изборот.

Можноста ќе ја искористам за продлабочување на македонско – американското пријателство, лобирање за македонските национални интереси пред пријателите од САД, особено презентирање на пријателските политики на Стејт Департментот и Амбасадата на САД во Скопје кон сите наши граѓани”, изјави Петар Богојески.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави