Search

ПЕС го поздрави зеленото светло за отворање на преговорите со Скопје и Тирана

Партијата на европските социјалисти (ПЕС) ја поздравува одлуката на на ЕУ за започнување на преговорите за пристапување со Северна Македнија и Албанија.

– Ова е прашање на правда и кредибилитет. Албанија и Северна Македонија презедоа тешки и неопходни реформи и ни ја покажаа нивната посветеност кон европските правила и идеали. Дојде време ЕУ да ги исполни своите обврски. Ова е вистинската работа што треба да се направи, изјави пертседателот на ПЕС Сергеј Станишев.

Тој ја истакнува стратешката важност на овој чекор за целиот регион на Западен Балкан.

-Оваа одлука испраќа многу позитивен сигнал до Западен Балкан: вратата на ЕУ е отворена за оние кои сакаат да ги модернизираат своите земји во согласност со принципите на демократијата и вредностите на ЕУ. Знаеме дека ЕУ има моќ да произведе позитивни промени во нејзиното непосредно соседство. Ајде да го искористиме тоа, вели Станишев и им честита на доскорешниот премиер на Северна Македонија Зоран Заев и на албанскиот премиер Еди Рама за нивното лидерство.

Треба да знаете
Последни објави