Search

Песков: Русија е подготвена со ЕУ да го разјасни „случајот Навални”

Русија е подготвена со Европска Унија да го разјасни инцидентот поврзан со рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, но исто така очекува Европа да ги достави своите податоци, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Русија повеќепати објасни што се случи со берлинскиот пациент на територијата на Русија, поточно во Омск и во Томск, наведе Песков.

Тој истакна дека Русија повеќепати апсолутно транспарентно разговарала за тоа.

– Исто така објаснивме дека ни се потребни информациите кои ги имаат Берлин и Париз и повеќепати објаснивме, но за жал, ниту Берлин ниту Париз не брзаат да ги поделат овие информации со нас, што значително го комплицира разјаснувањето на ситуацијата, нагласи Песков.

Тој потенцира дека се што знае Русија за инцидентот со Навални е јавно достапно.

– Ние, Кремљ, Министерството за надворешни работи, претставниците на нашите законодавни агенции и нашите лекари информираа за инцидентот апсолутно транспарентно, истакна Песков.

Треба да знаете
Последни објави