Search

Песков: Поделена Европа не е во интерес на Русија

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во разговор со новинар од француската телевизија Франс 5 изјави дека „поделена Европа не е во интерес на Москва”.
– Поделена Европа не е во интерес на Москва. Ние сме заинтересирани за постоење на просперитетни европски земји, независни една од друга. Европа сега го бара својот пат, поставувајќи нови прашања во врска со воведувањето на сопствениот одбранбен систем, како и неопходноста да се има суверена доктрина за одбрана. На Европејците им е потребна сопствена армија, истакна Песков.
Тој посочи дека моментно не е јасно дали Американците ќе останат во Европа и ќе продолжат да ги бранат Европејците од „страшните Руси”.
– Сакаме да нe слушнат: не се закануваме никому, не сме извор на опасност, ние сме многу голема и многу моќна земја која бара партнери, нагласи портпаролот на Кремљ.
Коментирајќи ја констатацијата на францускиот новинар за распоредување на руски војници долж границата со Украина, што е перцепирано како закана за Западот, Песков нагласи дека „Русија може да ја разбере загриженоста на западните земји”.
– Сепак, ние би претпочитале вие ​​Европејците да бидете подобро информирани. Масивните маневри на НАТО во близина на руските граници му претходеа на распоредувањето на руските вооружени сили во тој регион”, потсети Пасков, додавајќи дека „премногу се зборува за концентрација на руски трупи, но сепак сите замижуваат пред разместувањето на НАТО сили во близина на границите на Русија”.

Одговарајќи на прашањето за членството на Киев во НАТО, Песков предупреди дека членството на Украина во Алијансата ќе биде „најлош можен развој”.

– Ваквото сценарио ги преминува црвените линии на националните интереси на Русија. Тоа е сценарио што може да ја принуди Москва да преземе активни мерки за да ја гарантира својата безбедност, изјави Песков.

Треба да знаете
Последни објави