Search

Песков: Земјите кои сакаат да ја спасат Сирија ќе си имаат работа со Башар Асад

Земјите кои сакаат да ја спасат Сирија треба да имаат предвид дека ќе имаат работа со нејзиниот претседател Башар ал Асад, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков за весникот „Хуриет”.

– Асад е законски претседател на Сирија, тој е лидер на таа земја. Може да не го сакате. Тој е државен лидер, има луѓе, вооружени сили и разузнавање. Ако сакате да бидете меѓу државите кои имаат намера да ја спасат судбината на Сирија, тогаш треба да си имате работа со Асад. Не постои друг начин. Западните земји цело време прават грешки, но ние не треба да ги правиме истите. Постоеше и поранешниот либиски претседател Муамер Гадафи… Му велеа дека е лош човек, а подоцна беше убиен. Земјата, исто така, беше „убиена” заедно со него, истакна Песков.

Тој додаде дека „сега се зборува дека Николас Мадуро е лош човек и треба да биде сменет”.

– Што ако утре кажат дека не го сакаат Ердоган или Путин? Што ќе се случи тогаш? Кој има право да презема решенија по тие прашања? Не треба да се прават грешки, предупреди портпаролот на Кремљ.

Песков го коментираше и повлекувањето на американската војска од Сирија. На прашањето дали верува во намерите на Вашингтон, тој нагласи дека „САД е најнепредвидливата држава.

Треба да знаете
Последни објави