Search

Песков: Американски ракетен тест е доказ дека САД ја прекршиле спогодбата за проектили со среден и краток дострел

Тестирањето во четвртокот на американска ракета забранета со Спогодбата за ракети со краток и среден дострел претставува потврда дека Вашингтон одамна бил подготвен да го уништи тој договор, изјави за ТАСС портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.

„Повеќепати посочивме дека САД се подготвуваат да ја прекршат спогодбата за ИФН. Ова е само потврда дека спогодбата е прекината на иницијатива од САД, а на наша жалост. Не можам да ја коментирам оваа ракета од технички аспект, но можам да констатирам дека Американците одамна почнале да ја развиваат“, истакна тој.

Претходно реакција стигна и од рускиот надворешнополитички сектор, а директорот на Одделението за контрола на оружјето при руското МНР, Владимир Јермаков, изјави дека Русија е загрижена поради овој факт и дека ќе го земе предвид.

Американското Министерство за одбрана изведе тестирање на ракета која би била забранета со Спогодбата за нуклеарни ракети со среден дострел, при што некои заговорници за контрола на вооружувањето од САД, рекоа дека со тестот се ризикува непотребна трка за вооружување со Москва.

Треба да знаете
Последни објави