Search

Перишиќ: Меси сака да биде светски првак? Сакаме и ние

Хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ го најави утрешното полуфинале на Мундијалот против Аргентина. Тој истакна дека „коцкестите“ се подготвени за големо надигрување со Лионел Меси и соиграчите, а целта е ново финале на СП.

„Прекрасно е чувството да се игра второ последовно полуфинале на Светското првенство. Но, ние сакаме и финале. Ќе биде сличен натпревар како оној против Англија пред четири години, Англија имаше добар тим, сега и Аргентина е многу квалитетна. Мора да играме како против Бразил и тогаш сѐ е можно“, изјави Перишиќ.

Тој вели дека сите се обединети во намерата да успеат да ја елиминираат Аргентина.

„Сега кога видовме до каде стигна Мароко, можеме да кажеме дека направивме добра работа и во групата. Сакаме нов голем успех. Постојано слушаме дека Меси сака да биде светски првак. Но, сакаме и ние“, потенцира крилниот играч на Тотенхем.

Треба да знаете
Последни објави