Search

Перез ќе прави нов дрим-тим на Реал Мадрид со слободни играчи

Рекордерот со освоени европски шампионски титули Реал Мадрид во текот на летниот преоден рок се обиде да го ангажира Килијан Мбапе од ПСЖ, но претседателот Флорентино Перез не успеа во неговата намера, па затоа сака следното лето да донесе четири фудбалски ѕвезди и да направи нов „дрим тим“ со кој повторно ќе владее во клупскиот евро-фудбал. Сите четири фудбалски ѕвезди кои Перез ги планира да ги пресели во Мадрид треба да пристигнат како слободни играчи. На таа листа покрај Килијан Мбапе од ПСЖ се и Антонио Ридигер од Челзи, Пол Погба од Манчестер јунајтед и Френк Кеси од Милан.

Ридигер не може да се договори со Челси за продолжување на соработката, последната понуда која „сините“ му ја доставија изнесува осум милиони евра годишно, но германскиот репрезентативец ја одби оваа понуда и од први 1 јануари ќе може да преговара со заинтересираните екипи. Перез смета дека тој би бил одличен партнер со Давид Алаба и би бил идеална замена за Серхио Рамос.

Француските репрезентативци Мбапе и Погба ги завршуваат договорите на крајот од сезоната и не кријат дека следна станица во кариерата посакуваат да им биде Реал Мадрид.

Со Кеси кој исто така има договор до крајот на сезоната Перез сака да го подмлади средниот ред на Реал Мадрид. Според Перез и тренерот Карло Анчелоти, токму Кеси е идеален наследник на Лука Модриќ.

За овие четири фудбалери Перез доколку успее да ги донесе, нема да потроши ниту едно евро, но ќе мора да направи простор во буџетот за плати.
Тоа ќе го стори така што нема да им ги продолжи договорите на Иско, Марсело, Лука Модриќ и Герет Бејл кои на крајот од сезоната ќе си заминат и со тоа ќе ослобат околу 50 милиони евра нето во буџетот за плати.

 

Треба да знаете
Последни објави