Search

Перез: Роналдо еден ден ќе се врати во Реал Мадрид

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез изјави дека Кристијано Роналдо ќе се врати во мадридскиот клуб по завршувањето на неговата кариера.

Кристијано Роналдо во летниот преоден рок го изненади целиот фудбалски свет со одлуката да се пресели во Јувентус. Иако Португалецот разочара дел од навивачите на Реал Мадрид, за Флорентино Перез нема дилема дека тој еден ден ќе се врати на „Сантијаго Бернабеу“.

„Роналдо е наследникот на Ди Стефано, тој ќе се врати еден ден во Реал Мадрид. Во тоа сум сигурен“, изјави Флорентино Перез.

Кристијано Роналдо во дресот на Реал Мадрид постигна 451 гол и токму тој е најдобриот стрелец во историјата на клубот. Меѓу бројните клубски трофеи и индвидуални награди, секако најмногу се истакнува тоа што четири пати ја освои Лигата на шампионите.

Треба да знаете
Последни објави