Search

Перез го нападна Интер: Го сакаа Модриќ, но не сакаа да платат

Претседателот на мадридски Реал, Флорентино Перез е лут на раководството на Интер поради нивниот обид за ангажман на Лука Модриќ ова лето.

Модриќ беше на прагот на трансфер во Интер ова лето, меѓутоа, како што пренесуваат италијанските медиуми, Флорентино Перез не го испочитувал џентлменскиот договор кој што го имал со Лука Модриќ според кој Хрватот би можел да си замине од клубот кога ќе го побара тоа.

Откако и агентот на Модриќ потврди дека неговиот клиент сака да игра за Интер, сега Перез се чини дека се обидува да се оправда пред Модриќ за прекршувањето на тој договор, со тоа што изјави дека „Нераѕурите“ одбиле да платат за Хрватот.

„Се обидоа да ја одземат нашата десетка Лука Модриќ и немаа намера да платат“, изјави Флорентино Перез по вчерашната ждрепка за Лигата на шампионите во Монте Карло.

Треба да знаете
Последни објави