Search

Перез во паника: Остана без Халанд и Мбапе, па доби корпа од Левандовски

Одлуката на Килијан Мбапе да потпише нов договор со ПСЖ го фрли во очај првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез кој засега е најголемиот губитник во летниот преоден рок бидејќи претходно „дозволи“ Ерлинг Халанд да потпише за Манчестер сити.

Перез се надеваше дека работата со Мбапе е завршена работа и по завршување на сезоната францускиот репрезентативец ќе потпише за Реал Мадрид, но катарските милиони го натераа фудбалерот да остане во Париз со што „кралевите“ останаа со празни раце.

Поради тоа Перез се обидува да ја санира штетата што ја направи Мбапе, но експресно доживеа нов шок. Имено, тој го контактирал Пини Захави, агентот на Роберт Левандовски и добил „корпа“. Левандовски веќе се договорил со Барселона, тој е во постојан контакт со тренерот Чави Ернандез кој го гледа Полјакот како лидер на каталонскот тим и од официјализација на трансферот ги дели договор со Баерн Минхен.

Барселона моментно нуди 35 милиони евра отштета плус два милиони во бонуси, додека германскиот тим бара 40 милиони евра и се очекува во наредните денови да дојде до договор меѓу двата клуба.

Треба да знаете
Последни објави