Search

Пеп Гвардиола донираше еден милион евра на Медицинскиот институт во Барселона

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, се вклучи со огромна донација во борбата против коронавирусот. Тој донираше еден милион евра на Медицинскиот институт во Барселона да го помогне научниот сегмент од битката против Covid-19. Светот се уште се обидува да ја пронајде вакцината против коронавирусот кој ја покори планетата во изминатите неколку месеци.

Дел од финансиите на Пеп Гвардиола ќе бидат насочени и за развој на фондацијата Анхел Солер Даниел која ќе обезбеди респиратори и маски за потребите на болниците во Шпанија.

Треба да знаете
Последни објави