Search

Пепиќ: Не сум дел од никакво терористичко здружение, во Собрание бев службено

Пепиќ: Не сум дел од никакво терористичко здружение, во Собрание бев службено

Разузнавачот Мунир Пепиќ обвинет за насилниот упад во Собранието, односно вршење насилство врз пратеникот Зијадин Села, во завршните зборови истакна дека не е дел од никакво терористичко загрозување и дека снимките кои беа презентирани во процесот покажуваат дека не извршил физички напад врз никој.

„Не сум дел од никакво терористичко здружение. Во Собрание бев службено. Не сум нападнал никого. Тоа може да се види од снимката дека мојата гардероба и обувки не се совпаѓаат со лицето кое напаѓа пратеник“, рече Пепиќ.

Тој истакна дека во Собранието помагал на повредените во нивното извлекување, што можело да се утврди и од исказите на сведоците во процесот. Пепиќ кажа и дека влегол во прес-центарот на Собранието, каде крвнички беше нападнат Зијадин Села, но со цел да ја информира службата за она што се случува внатре.

„Се повлеков кога проценив дека завршив со активностите поврзани со работата. На 27 бев со службени обврски во агенција за разузнавање. Во врска со службата влегов во Собранието. Сè додека во Собранието имаше луѓе ја информирав службата за сè што се случува таму. За информирањето на службата пријдов и во просторијата каде беше нападнат Села. Но не преземав ниту едно насилно дејствие. Верувам дека сето ова го виде и судечкиот совет, дека немам сторено никакво кривично дело“, додаде Пепиќ

Треба да знаете
Последни објави