Search

Пентагон ќе испрати речиси 4.000 војници на границата со Мексико

Пентагон има намера да испрати 3.750 војници на границата со Мексико, како засилување на веќе распоредените сили кои им помагаат на граничните и царински служби на САД, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Армиските служби ќе бидат распоредени на југозападната граница со рок на служба од три месеци.

По реализацијата на ова засилување, вкупниот број на војници на американската армија на границата со Мексико ќе изнесува 4.350 луѓе.

Претходно, Министерството за одбрана на САД одлучи да ја продолжи службата на веќе разместените војници на границата со Мексико до 30 септември 2019 година.

Според Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, војниците се потребни да ја сузбијат кризата со нелегални имигранти од Јужна Америка.

Трамп не ја исклучува можноста и за воведување на вонредна состојба во земјата, доколку Конгресот не одобри средства за изградба на ѕид на границата со Мексико.

Во тој случај, претседателот би имал дискрециско право за вонредно користење на средства за изградба на ѕидот.

Демократите, од своја страна, се категорично против изградба на ѕид на јужната граница.

Треба да знаете
Последни објави