Search

Пентагон тестираше балистичка ракета

Пентагон денеска тестираше конвенционално конфигурирана балистичка ракета, што е забранета со Договорот за нуклеарни боеви глави со среден дострел (ИНФ).

Тестирањето е извршено од базата Ванденберг во Калифорнија.

– Во моментот сме во фаза на оценување на резултатот од тестирањето, се наведува во соопштението на Пентагон.

Пентагон во август тестираше крстосувачка ракета со дострел поголем од 500 километри.
САД во август формално се повлекоа од Договорот од 1987 година потпишан со Русија, откако утврдија дека Москва го крши ИНФ. Кремљ ги отфрли таквите обвинувања.

ИНФ е потпишан од поранешниот американски и советски претседател Роналд Реган и Михил Горбачов, со кој беа забранети проектили на копно со дострел од 500 и 5.500 километри.

Поради повлекувањето на САД од ИНФ се зголемија тензиите со Русија. Според одредени експерти непочитувањето на ИНФ може да ги нарушу другите договори за контрола на оружјето и да ја забрза пропаста на глобалниот систем, чија цел е блокирање на ширењето на нуклеарно оружје.

Треба да знаете
Последни објави