Search

Пентагон: САД не се подготвени за посредничка војна со Русија

САД се принудени да ги коригираат плановите за развој на одбрамбениот ресор со оглед на тоа дека не се подготвени за водење посредничка и хибридна војна со Русија, вели шефот на Пентагон, Марк Еспер, пренесува „Спутник“.

Во обраќање на конференцијата на американската војска, Еспер навел дека Русија во последните неколку години ефикасно демонстрира водење посреднички и хибридни војни во сивата зона. Како пример ја наведе ситуацијата во Крим и во Украина.

Посредничка војна е израз кој се користи за вооружен судир што завојуваните страни го водат за сметка на трети страни. Тој феномен стана особено забележлив во текот на Студената војна, кога СССР и САД им помагаа на идеолошка основа на меѓусебно завојувани страни од кои имаа корист со оружје, опрема, воени советници, но и на други начини.

Треба да знаете
Последни објави