Search

Пентагон до Анкара: Еднострана воена акција во Сирија е неприфатлива

Еднострана воена акција во североисточна Сирија е основа за „сериозна загриженост” и е „неприфатлива”, соопшти Пентагон, откако турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган најави дека Анкара ќе спроведе операција на исток од реката Еуфрат во Северна Сирија.

-Еднострани воени дејствија во североисточна Сирија, од која и да е страна, особено имајќи предвид дека таму или во околината може да има американски персонал, се повод за сериозна загриженост. За нас секакви слични дејствија се неприфатливи, посочи портпаролот на Пентагон, Шон Робертсон.

Тој додаде дека Сириските демократски сили се активни партнери против Исламска држава, а САД се целосно ангажирани за граничната безбедност на Турција.

-Не треба да и дозволиме на Исламска држава да земе здив во овој критичен момент, бидејќи ќе ги загрозиме значителните победи кои ги постигнавме со коалициските партнери, а ризикуваме да дозволиме преродба на ИД, забележа Робертсон.

Треба да знаете
Последни објави