Search

Пентагон го обвини Трамп дека не ѝ дал посериозен ултиматум на Турција за С-400

Официјални претставници на Стејт департментот и Пентагон приватно го критикуваа американскиот претседател Доналд Трамп поради тоа што не успеаал да ѝ даде посериозен ултиматум за Анкара за купувањето на рутески системи за воздушна одбрана С-400, пренесува „Еј-би-си њуз“ цитирајќи извори запознаени со ситуацијата.

Развојот доаѓа неколку дена откако турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган нагласи дека САД не успеале да понудат договор за својот систем за воздушна одбрана „Патриот“ конкурентен на оној што го понудила Русија за ракетните системи С-400.

Според Ердоган, Анкара ќе ги добие своите резерви од С-400 во јули.

Изворите, меѓу другите, ги споменале потпретседателот Мајк Пенс, државниот секретар Мајк Помпео и вршител на должност секретар за одбрана, Патрик Шенахан, кои постојано изразуваа загриженост дека Турција ќе ги купи С-400, а не американските ракетни пресретнувачи „Патриот“.

„Тие со месеци ја предупредуваа Турција да не го купува рускиот ракетен систем кој е некомпатибилен со системите за одбрана на НАТО”, изјавија извори.

Освен тоа, изворите укажаа на телефонскиот разговор помеѓу Ердоган и Трамп од 22 февруари, во текот на кој турскиот претседател, наводно, го прекорил американскиот Конгрес за неуставно мешање во извршната власт на Трамп со издавање санкции против Анкара во врска со договорот С-400.

Говорејќи на прес-конференцијата по разговорите со рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот, Ердоган истакна дека одлуката на Турција за купување на С-400 е суверено право на земјата и дека никој нема право да бара од Анкара да се откаже од својот договор со Москва. Ердоган, исто така, го повтори својот став дека прашањето на С-400 е затворено.

Тој претходно посочи дека САД не успеале да постигнат договор за своите системи „Патриот“ конкурентен на договорот за С-400, додавајќи дека исплатата на руските системи ќе продолжи согласно договорот со Москва.

„Ние го финализиравме договорот за С-400. Им понудивме на САД да ги купиме нивните системи „Патриот“, но тие не успеаја да ни дадат соодветна понуда. Значи сега договорот С-400 се спроведува и во јули ги чекаме своите резерви “, рече Ердоган.

Треба да знаете
Последни објави