Search

Пентагон: Бројот на заразени војници со коронавирус е 1.132

– Бројот на активни американски војници кои се заразени со Ковид-19 во текот на изминатиот викенд надмина илјада, соопшти денеска Пентагон.

Вкупниот број потврдени случаи утрово изнесувал 1.132, додека тој број во петокот бил 978 војници.

Меѓу припадниците на Националната гарда, со коронавирусот се заразени 303.

Морнарицата има најмногу случаи – 431, меѓу кои повеќе од 150 на носачот на авиони „Теодор Рузвелт”.

Треба да знаете
Последни објави