Search

Пенс се сретна со Ердоган во обид да се спречи турската офанзива во Сирија

Американскиот потпретседател Мајк Пенс попладнево во Анкара се сретна со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган со цел да се обиде да го убеди да ја запре офанзивата над курдските борци во североисточна Сирија. Турските власти се изјаснија дека операцијата, сепак, ќе продолжи.

Офанзивата создаде нова хуманитарна криза во Сирија со 200.000 раселени лица.

Трамп го обвинуваат дека ги предал курдските борци, главните партнери на Вашингтон во борбата за уништување на самопрогласениот калифат на Исламска држава во Сирија, со повлекување на трупите од границата кога Анкара ја започна офанзивата на 9 октомври.

Тој својот потег го бранеше како „стратешки одличен”.

Треба да знаете
Последни објави