Search

Пенс пристигна вo Анкара

Потпретседателот на САД Мајк Пенс пристигна во главниот град на Турција, Анкара, во обид да обезбеди примирје за да се стави крај на турската офанзива во Сирија.

Државниот секретар Мајк Помпео пристигна претходно, со посебен авион. Предвидено е тие да се сретнат со Реџеп Тајип Ердоган, но турскиот претседател вчера соопшти дека до средба нема да дојде.

– Нема да ги сретнам. Тие ќе имаат средба со своите колеги. Јас ќе разговарам само ако дојде (американскиот претседател Доналд) Трамп, изјави Ердоган.

Треба да знаете
Последни објави