Search

Пенов: Опозицијата како да не ги слушна пораките на Штајнмајер да престанат блокадите

Оптимист сум за уставните измени, кажа министерот за локална самоуправа Ристо Пенов во гостувањето во „Вин-вин“.

-Штајнмајер кажа „исчекорете, не блокирајте, направете нешто, ние ќе ве поддржиме“, но опозицијата не ги слушна така неговите зборови, рече Пенов.

Тој повика сите политички сили заедно да влезат во процесот на уставните измени.

-Станува збор за бенигна промена со внесот на Бугарите. Но, тие велат дека тоа ќе го направат кога ќе имало реципроцитет во Бугарија… Тоа не може и за 20 години да се случи, односно Бугарија да си го смени Уставот и да признае малцинства. Во меѓувреме само ќе тонеме, истакна Пенов.

Треба да знаете
Последни објави