Search

Пензиониран полковник ќе биде нов шеф на севернокорејската дипломатија

Нов шеф на севернокорејската дипломатија ќе биде поранешниот висок офицер на армијата, пензионираниот полковник Ри Сон-гвон, кој има мало искуство во преговорите со САД, што е можна најава дека Пјонгјанг во разговорите за нуклеарното оружје ќе заземе поцврст став, наведуваат медиумите на Корејскиот полуостров.

Корејските медиуми јавија дека новиот прв дипломат на земјата вчера веќе го организирал првиот прием за странските дипломати во Пјонгјанг.

Јужнокорејските и медиумите надвор од Корејскиот полуостров претходно јавија дека Северна Кореја претходно ги известила дипломатите за именувањето на Ри Сон -гвон.

Во својот говор на приемот „другарот Ри Сон-гвон кажа дека корејскиот народ во општата офанзива ги пробил пречките за напредокот на социјалистичкиот развој преку самоопределување и јавно ги изнесе надворешно-политичките ставови на севернокорејската Влада”, наведе агенцијата КЦНА.

Ри како воен офицер го водел владиното тело за односи со Јужна Кореја, со која водел разговори во изминатите 15 години. Но, во преговори со САД нема никакво искуство.

Во Јужна Кореја, како што се наведува, е познат по грубите забелешки кон јужнокорејскиот бизнисмен кој во септември 2018 година го посети Пјонгјанг.

Се уште не е позната судбината на неговиот претходник, Ри Јонг-хо, дипломатот од кариера кој беше сменет од функцијата, а чие име државната агенција КЦНА последен пат го спомена во своите извештаи во август минатата година.

Треба да знаете
Последни објави