Search

Пензионерката со идеја од 720.000 евра: Сега е време за тишина

„Сега е време за тишина“, кратко одговорила Лилјана Тодоровски, пензионерката која добила 720 илјади евра за идејата за европски центри за возрасни лица, по денешниот распит во обвинителството за организиран криминал, објави ТВ Телма.

Како што пишуваа медиумите, парите нејзе ѝ ги исплатил битолскиот бизнисмен Силјан Мицевски, а таа тврдеше дека парите во кеш ѝ биле земени од жена од Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски Боки 13.

Од Обвинителството велат дека распитот на Зоран Милевски Кичеец сѐ уште трае. Кичеец за прв пат се сослушува во својство на осомничен.

Треба да знаете
Последни објави