Search

Пендаровски ја потсетува ВМРО-ДПМНЕ дека имаше консензус за прогласување вонредна состојба

Одлуките за прогласување вонредна состојба се носеа согласно со Уставот, врз основа на предлог на Владата, додека Собранието беше распуштено и на нивното донесување им претходеа консултации во Советот за безбедност и имаше лидерски средби, реагираат од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, откако Христијан Мицкоски најави дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да ја ги потврдат одлуките за вонредната состојба во парламентот, објави „360степени“.

„Во два случаи се одржаа средби на претседателите на политичките партии кои самостојно освоиле мандати на последните парламентарни избори (2016 г), на кои се изгради недвосмислен политички консензус за прогласување вонредна состојба. Посебно сакаме да нагласиме дека Уставниот суд ја потврди уставноста на одлуките што ги донесе претседателот Пендаровски. Потврдувањето на одлуките за постоење на вонредна состојба е во надлежност на Собранието на Северна Македонија“, велат од претседателскиот кабинет.

За да бидат потврдени одлуките на Пендаровски, потребно е двотретинско мнозинство од 80 гласови во собранието, што без 44-те пратеници од ДПМНЕ е невозможно да се постигне.

Треба да знаете
Последни објави