Search

Пендаровски ја назначи полковник Билјана Блажеска за свој Аѓутант

Претседателот Стево Пендаровски ја постави полковник Билјана Блажеска за Аѓутант на Врховниот командант на Вооружените сили на Република Северна Македонија во Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија.

Полковник Блажеска била учесник на повеќе меѓународни обуки и вежби како припадник на Армијата, вклучувајќи го учеството во меѓународната мисија „Одлучна поддршка” во Авганистан во периодот од јуни 2018 до јануари 2019 година.

Завршила специјализација за командни и штабни должности на Воената Академија во Скопје, курс за стручно оспособување и усовршување на офицери за служби на копнената војска на Армијата 2000-2001 во втората генерација на жени во Армијата.

Во Армијата работела во областа на логистика и била активно вклучена во проекти за развој и унапредување на опремувањето на Армијата, унапредување на логистичката поддршка на единиците на Армијата во мир и во воена состојба како и при упатување во мисии надвор од земјата.

Добитник е на медал за учество во мировната мисија „Одлучна поддршка” и златна значка на Армијата за залагање во работата.

Треба да знаете
Последни објави