Search

Пендаровски: Јас нудам НАТО и ЕУ, од другата страна имате оспорување на преспанскиот договор

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, од Велес посочи дека гласот за него значи глас за концептот за интеграциите во НАТО и Европската Унија.

„Сакам да ја посочам разликата помеѓу мене и главниот опозиционен кандидат, и мислам дека во тој дел граѓаните ќе немаат голема дилема. Значи, на една страна ова што јас го нудам и 31 политичка партија и граѓаните коишто стојат зад мене е Република Северна Македонија членка на евро-атлантските интеграции, членка на НАТО и ЕУ, со отворени порти за подобар живот за сите нас, а на другата страна имате концепт кој заговара оспорување на преспанскиот договор, и оспорување со тоа на нашето членство и во НАТО и во ЕУ подоцна“, рече Пендаровски.

Тој изрази очекување дека граѓаните ќе направат разлика и, како што рече, ќе изберат меѓу луѓе кои заговараат концепти од 19 и од 20 век, концепти кои се поврзуваат со национализам и популизам и со нереализирани ветувања, и концепти кои ја водат Република Северна Македонија во друштво со најмодерните и најпросперитетните нации и држави во светот.

Треба да знаете
Последни објави