Search

Пендаровски утре и задутре во официјална посета на Србија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, на 22 и 23 ноември 2019 година ќе престојува во официјална посета на Република Србија.

Во петок, 22 ноември 2019 година, во Палата Србија во Белград, претседателот Пендаровски ќе биде примен со највисоки државни и воени почести од претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ. Двајцата претседатели ќе имаат тет-а-тет средба, по што ќе следува пленарен состанок меѓу делегациите на Република Северна Македонија и на Република Србија.

Предвидено е претседателот Пендаровски да оствари средба со претседателката на Владата на Република Србија, Ана Брнабиќ, и со претседателката на Народното собрание на Република Србија, Маја Гојковиќ. Во рамки на официјалната посета, претседателот Пендаровски ќе оствари средба со претседателот на Стопанската комора на Република Србија, Марко Чадеж и стопанственици од Република Србија.

Во сабота, 23 ноември 2019 година, претседателот Пендаровски во Нови Сад ќе учествува на 4. Регионален младински форум и ќе се обрати на претседателскиот панел „Обраќање на младите пред претставниците на влаcта: презентирање на политичкиот дијалог пред милениумците”, заедно со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ и претседателот на Република Словенија, Борут Пахор.

Треба да знаете
Последни објави