Search

Пендаровски: Трендот на иселување може да го запре членството во ЕУ и НАТО

Заедничкиот кандидат за претседател на државата, Стево Пендаровски, попладнево е со граѓаните на Виница.
Напредокот, можностите и перспективите што ги отвораат евро-атлантските интеграции на земјава беа главната тема на која се дебатира на младинската трибина во Виница.

Пендаровски го потенцира иселувањето на младите надвор од земјата како проблем за кој нема брзо решение иако се видливи првите резултати од стабилизацијата на земјата и враќањето на вистинскиот колосек.

„Напредокот и интеграцијата на земјата во ЕУ и НАТО може да го запре овој погубен тренд. За тоа да се случи побргу, потребно е забрзување на напредокот. Токму евроинтеграциите ни носат подобри можности и услови за образование и подобри работни места. Заедно со најсилните економски држави во Европа тоа може да го направиме. Единствен начин да обезбедиме добри услови за младите на релативно кус рок се интеграциите на земјата во ЕУ и НАТО, и тоа што побргу“, рече Пендаровски.

Тој ги повика младите да ја искористат шансата на претстојните избори, да не дозволат земјава повторно да се врати назад во изолација и неизвесност, туку да изберат напредок, заедништво, сигурна и стабилна иднината во НАТО и ЕУ.

Треба да знаете
Последни објави