Search

Пендаровски: Состојбата во земјата и во регионот е стабилна, најголема криза во моментов е пандемијата со Ковид-19

Претседателот Стево Пендаровски по одржување на Седница на Советот за безбедност, заклучи дека состојбата во земјата и во регионот е стабилна, и дека не се очекува дополнително да биде загрозена во блиска иднина.

„Советот заклучи дека состојбата во земјата и во регионот е стабилна, и не може да биде загрозена нашата безбедност.

Во идните неколку месеци би можел да биде проблем евентуален нов бран на мигрантска криза.

Најголема криза во моментов е пандемијата на Ковид-19. Пандемијата продира во сите полиња. За првпат годинава имавме вонредна состојба, а армијата и полицијата имаа сосема поинаков вид на задачи.

Пандемијата останува најважниот предизвик и во следните месеци, но не очекуваме дека ќе има развој кој ќе влијае на општата безбедност.

Безбедносните служби ќе продолжат да ги следат трендовите кај нас и во регионот, сите потенцијални закани и ризици, и за тоа ќе продолжат да го информираат државниот врв и Советот“, рече Пендаровски.

Треба да знаете
Последни објави