Search

Пендаровски разочаран од Јанева, со Боки се сретнал два пати

Претседателот Стево Пендаровски е разочаран од специјалната обвинителка Катица Јанева на која безусловно и даваше поддршка, рече тој одговарајќи на новинарски прашања. Во своето ображање претходно рече дека е оправдан револтот на граѓаните и побара брза и темелна истрага, а не надлежните од обвинителството да тераат одмори како да се работи за редовна ситуација.

-Да, разочаран сум од Катица Јанева, како човек, рече кусо претседателот на државата.

Прашан дали се сретнал со осомничениот Боки 13, Пендаровски рече дека тоа се случило двапати, еднаш во 2015 година во кампот пред Владата и вторпат во април годинава, кога бил гостин на „1тв“ и имал краток неколкуминутен разговор.

Треба да знаете
Последни објави