Search

Пендаровски разочаран од отсуството на Силјановска на гостувањето во Телма

Навистина се разочарав кога слушнав дека мојата против кандидатка Силјановска не се појавила на дебатата „Жешко столче“ на телевизија Телма. Верував дека барем во однос на дебатите ќе покаже различна политичка култура од онаа ВМРО-ДПМНЕ, култура на бегање од јавни соочувања со критички настроени новинари. Разбирам дека во изминатите денови колешката имаше неколку незгодни ситуации и гафови, но бегање од интервјуа не е во ред. Јас од друга страна ја прифатив оваа дебата и овде може да го погледнете моето гостување. Ветувам дека и како претседател ќе бидам секогаш достапен за медиумите и граѓаните.

Треба да знаете
Последни објави