Search

Пендаровски: Престојните претседателски избори се шанса силно да продолжиме по патот по кој тргнавме, граѓаните ќе изберат иднина, единство и напредок

Заедничкиот кандидат за претседател на нашата држава Стево Пендаровски по посетата на Охрид, попладнево се сретна и со  граѓаните во Кичево.

На средбите со кичевчани Пендаровски ја потенцираше важноста да се продолжи патот по кој веќе тргна Северна Македонија, излегување од долгогодишната изолација, чекорење наред и  отворање кон Европа и светот. Пендаровски повика граѓаните заедно, со здружени сили и обединети да го поддржат напредокот, земјава да го искористи позитивниот момент на придвижување напред.

-На нашата земја и е потребен претседател кој ќе ја води државата напред кон ЕУ, кон НАТО, кон пријателства и нови европски вредности на Балканот. На Македонија и е потребен вистински претседател кој ќе работи исклучиво во интерес на сите граѓани, подготвен сум да водам напред. Мојот концепт е за напред, тој на Силјановска за назад. Овие два концепти ќе се судрат и на дуел откако граѓаните ќе се запознаат добро со нашите програми, во соодветен термин, истакна Пендаровски на крајот од посетата на Кичево.

Треба да знаете
Последни објави