Search

Пендаровски: Платите растат, следете во следните 10 месеци, тие ќе си останат подолго опозиција

Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев и кандидатот за претседател на државата, Стево Пендаровски од митингот во Штип ги повикаа граѓаните во уште една акција, Заедно Напред, затоа што тоа значи забрзување на напредокот, нови инвестиции, да влезат пари во државата, повеќе работни места и нови зголемувања на платите, што го носат интеграциите во НАТО и ЕУ.

Претседателскиот кандидат Пендаровски посочи на храбрите и позитивни политики коишто се признаени од целиот свет и водат кон економски развој и ги повика граѓаните во недела, на 21.април и на 5.мај да гласаат за натамошен напредок на државата, заокружувајки го бројот три.

-Направивме политичко чудо. За прв пат една држава во регионот почна да се однесува европски, нашата, и со тоа придонесува и за државната и за регионалната стабилност. Не случајно Заев е предложен за нобелова награда за мир, рече претседателскиот кандидат Пендаровски, кој додаде дека ги поддржува интегративните и обединувачки политики, за доброто на граѓаните.

Тој посочи на безбедноста што ја зацврстува, НАТО и датумот за почеток на преговорите со ЕУ, што го очекуваме во јуни, со што ќе се отворат милионски европски фондови.

-Овде отсекогаш стандардот беше лош. Единствен начин да ги поправиме работите е да станеме дел од Европа. Ниедна држава сама не се развила, сите тоа го направиле со помош на другите развиени земји. Верувам во Штип и во нашата земја, во добар резултат, да останеме фокусирани, нашата земја ја избира најдобрата опција за сите, додаде кандидатот за претседател, Пендаровски.

Претседателот на СДСМ и премиер, Заев порача дека напредокот продолжува, додека од ВМРО-ДПМНЕ лажат, поради што и ќе останат подолго опозиција, а со нив и Гордана Силјановска.

– Темпото на нови покачувања на платите ќе продолжи, и на минималната плата којашто е покачена на над 12.000 денари, а ќе биде 16.000 денари и на просечната плата, којашто е рекордно покачена на над 25.000 денари, 8.1 процент за само една година, и ќе биде 30.000 денари. Следете во следните 10 месеци, колку ќе расте просечната плата, економски лекции држиме, од нас зависи, од граѓаните, Владата, Парламентот, порача претседателот на СДСМ и премиер, Заев во Штип.

Тој посочи и на историски спуштеното ниво на невработеноста на 19.4 проценти.

-Мицковски може да си ги гледа спотовите со лаги колку сака. Бројките бележат рекорди, имаме пријатели, имаме инвестиции, ќе имаме достоинствен животен стандард и во Штип и во цела држава, додаде претседателот на СДСМ и премиер, Заев, во Штип.

Тој се осврна и на важноста од Договорот од Преспа и на НАТО и ЕУ перспективите, што се бедем на стабилноста и значат уште поголем економски развој. Рече дека и тој и претседателскиот кандидат Пендаровски се чистокрвни Македонци, кои зборуваат македонски јазик признаен од цел свет, си ја сакаат својата земја, којашто е сега признаена од целиот свет, стојат зад обединување на сите граѓани во државата – и поради татковината, децата и идните генерации, Штип и државата, во недела ќе гласаат Заедно Напред.

Треба да знаете
Последни објави