Search

Пендаровски од Струмица: Мојот концепт обединува и води напред, отфрлам било какви поделби, нудам заедништво

Заедничкиот кандидат за претседател, Стево Пендаровски во попладневните часови, вчера, оствари средба со пензионери, борци како и со младите од Струмица.

– Мојот концепт нуди обединување и води напред. Без разлика на генерациска, верска, политичка припадност. Моја цел е да бидам претседател за сите подеднакво, да ги поврзаувм граѓаните. Застанувам зад сите граѓани, над партиите. Нема да дозволам било која партија да го кочи развојот на земјата. Отрфлам било какви поделби и нудам заедништво.- порача Пендаровски

Пендаровски посочи дека откако земјава исчекори напред, многу важено е овој момент да го искористиме и да го забрзаме напредокот, да не дозволиме кочење или враќање назад.

-Подготвен сум да водам, да бидам достоен претставник на граѓаните и државата, рече Пендаровски.

Треба да знаете
Последни објави