Search

Пендаровски од Криволак: Со професионалноста, посветеноста и пожртвуваноста ги надминавме очекувањата на многу наши сојузници

Како Претседател на Република Северна Македонија и Врховен командант на вооружените сили чест ми е да ве поздравам на „Одлучен удар” најголемата воена вежба во историјата на земјава. Со 2700 припадници, од шест држави, заедно со Соединетите Американски Држави, Албанија, Бугарија, Литванија и Црна Гора ги усогласуваме нашите сили како вистински сојузници, разменуваме знаења и ја зголемуваме  меѓусебната доверба, изјви претседателот Стево Пендаровски на Криволак пред учесниците на воената вежба.

Според него, колективната одбрана која се остварува преку интероперабилност, интегрирање на конвенционалните и силите за специјални операции на повеќе држави е особено важна за времето во кое живееме.

Предизвиците со кои се соочува секоја земја се преголеми за да имаме индивидуален пристап.  Радикализирани поединци, групи, како и меѓународниот тероризам се постојана  закана за нашата безбедност и нашите вредности. Постојат и нови хибридни закани, актери со цел да го нападнат нашиот сајбер простор и со тоа да наштетат на нашиот начин на живот.Вежбата „Одлучен удар” е доказ дека можеме да се справуваме со безбедносните предизвици и дека нашата Армија е  компатибилна со армиите на нашите сојузници од НАТО. Како врховен командант ги поддржувам реформите во одбраната и безбедноста и развивањето на професионална и модернизирана Армија.Како држава имаме обврска да го зголемиме одбранбениот буџет на 2% од БДП до 2024 година. Ова е реална цел и ќе ја оствариме. Преку долгогодишното искуство во меѓународните мисии  нашата Армија се трансформираше во современа армија, компатибилна со нашите НАТО партнери, рече претседателот.

Тој истакна дека со нашата професионалност, посветеност и пожртвуваност ги надминавме очекувањата на многу наши партнери и сојузници.

-Членството во НАТО е гаранција за нашата безбедност и просперитет и наш придонес кон регионалната и глобалната безбедност. Четири од петте држави кои денеска учествуваат на оваа воена вежба веќе го ратификуваа протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО. Им благодарам и очекувам и другите земји-членки да завршат со процесот што поскоро за да можеме оваа година да станеме 30-та земја членка на најуспешната политичко-воена алијанса. На сите учесници во „Одлучен удар”  ви оддавам признание за вашиот професионализам, вештини и обученост и тимска работа за успешната и  беспрекорна воена вежба, рече Пендаровски.

Треба да знаете
Последни објави