Search

Пендаровски од Кичево: Одберете ја опцијата која носи подобар живот и перспективи за младите

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, на трибина во Кичево, рече дека овој град е пример за заедништво и сплотеност во различностите.

Како што информираат од неговиот штаб, Пендаровски посочил дека граѓаните на Кичево многу добро знаат што значи заединштво, соживот и како тоа се одрзува на напредокот.

„Изминува последната недела, пред одлуката на изборите. Нашиот глас одлучува, дали Северна Македонија ќе оди напред кон сигурна иднина во НАТО и ЕУ или ќе се врати назад. Дали ќе се определиме за опцијата која носи подобар живот, нови инвестиции, нови работни места, перспективи за младите. Вие знаете дека еден од најголемите проблем е иселувањето на младите. Со поканата за НАТО и ЕУ, стотици милиони евра, ќе бидат достапни и отворат нови перспективи младите овде да живеат, да се вработат, нашите деца и внуци да се тука покрај нас“, истакнал кандидатот за претседател.

Пендаровски повикал граѓаните од сите етнички заедници да го искористат својот глас и да донесат одлука во интерес на иднината на државата, сигурноста и стабилноста.

Треба да знаете
Последни објави