Search

Пендаровски не бил избран поради програма, туку со гласање организирано од верски лидер

Бесрамноста на раководството на СДСМ, видено во ликот и делото на Зоран Заев секојдневно ни ја покажуваат својата бруталност и непочитувањето на волјата на граѓаните на Република Македонија, рече денеска Иванка Василевска, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Таа ги обвини владејачките структури, за како што рече, бескрупулозен поткуп, а како доказ за тоа посочи изјави на поранешниот Реис на Исламската верска заедница (ИВЗ).

-Тој во интервју призна дека во периодот пред Претседателските избори во 2019 година бил повикан од погоре наведениот да влијае врз верниците муслимани во Македонија да гласаат за кандидатот Стево Пендаровски во замена за локацијата на Кале и исплатата на средства за ИВЗ во рок од 20 дена, посочи Василевска.

Според неа, ова само покажува дека Заев, Пендаровски и СДСМ купувале и купуваат гласови пред изборите.

-Ништо од демократија, од предизборни понуди, од програми. Се е сведено на купување со пари, нешто за кое како ВМРО-ДПМНЕ предочувавме во изминатите циклуси, а кое сега се потврдува и од самиот Реис Сулејман Реџепи“, истакна претставничката на ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека ова е огромна навреда за верниците муслимани во Република Македонија, бидејќи Заев и СДСМ со пари изнудиле гласови од оваа група на граѓани.

Василевска, во име на ВМРО-ДПМНЕ го повика Обвинителството да отвори истрага.

-Пендаровски бил избран не поради програма туку поради организирано гласање од верски лидери за што во игра биле пари и земјиште, а за тоа обвинителството е неопходно да го испита случајот. Ова е срамно не само за партијата СДСМ, туку и за државата“, истакна таа и обвини дека Македонија со Заев се претворила во тезга во која гласовите се купуваат со пари или со пазарење на контингенти гласови.

Треба да знаете
Последни објави