Search

Пендаровски: На овие избори треба да се потврди патот што води напред кон интеграција и развој, државата не смее да се враќа назад

Пендаровски во Теарце: Да продолжиме заедно напред кон членство во НАТО, тоа носи сигурност и стабилнот, но и бројни економски придобивки за сите граѓани

Заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски, попладнево се сретна со жителите на општина Теарце.

Во разговорите со граѓаните Пендаровски ја потенцираше важноста од членството во НАТО, не само од безбедносен, туку и од економски аспект бидејќи полноправното членство освен безбедност и стабилност носи и бројни економски придобивки за државата и граѓаните.

– Како иден врховен командант на армијата дел од НАТО ќе се залагам за унапредување на статусот на нашите војници за достојно да ја претставуваат нашата држава и армија низ целиот свет. НАТО не носи само безбедност и стабилност, туку отвора економски перспективи за нашата економија и сите граѓани, порача Пендаровски.

Заедничкиот кандидат Пендаровски истакна дека на овие избори треба да се потврди патот што води напред кон интеграција и развој, дека државата не смее да се враќа назад во темното минато на изолација и неизвесност, бидејќи тоа е чекор назад за цела една генерација која припаѓа на ЕУ и НАТО.

– Противкандидатката нуди концепт за разединување, само нивните и членовите на таа фамилија да имаат живот. Секој одговорен човек, секој домаќин, постар, помлад, веќе има донесено одлука дека сака иднина наместо минато, дека сака напред во Европа и НАТО наместо враќање во минатото. Затоа, да продолжиме заедно напред кон ЕУ, кон НАТО, еднаш засекогаш да ги заштитиме нашите граници, да си ја обезбедиме нашата иднина, повика Пендаровски.

Треба да знаете
Последни објави