Search

Пендаровски: На овие избори не бираме само претседател, бираме како економски ќе се развива нашата земја

Се ближи крајот на кампањата и денес би сакал да зборувам за една тема која е многу важна и за која сум сигурен дека јас и мојот тим можеме да направиме многу.

Со гласањето на овие избори не бираме само претседател, бираме како и дали економски ќе се развива нашата земја.

Насоката во која се движиме и патот по кој тргнавме е пат на напредок, економска сигурност на граѓаните и финансиска стабилност на нашата земја.

По овој пат ние се отвораме кон светот, кон европските фондови, кон пазар од 500 милиони жители на кој може да работат нашите компании.

Членството во НАТО и ЕУ се единствениот гарант дека земјата ќе економски ќе јакне и ќе напредува, а стандардот на граѓаните ќе расте со забрзано темпо.

Работите конечно тргнаа во нагорна линија. Економијата се стабилизира, БДП-то почна да расте. Со почеток на преговорите и рамноправното членство во НАТО алијансата ќе го удвоиме растот на економијата.

Ги повикувам граѓаните на 21 да гласаат за да го продолжиме овој пат. Нема подобра алтернатива од оваа. ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска го нудат спротивното. Нудат застој, ревизија и блокада на се она што досега го постигнавме. Тоа значи парите да завршуваат кај фамилијата наместо како сега, кај граѓаните. А не беше лесно да се постигне ова што го имаме денес. Не беше лесно да се откочи Македонија и тоа сега не смееме да го прокоцкаме. На 21 април да гласаме за напредна и развиена Македонија, заедно напред.

Треба да знаете
Последни објави