Search

Пендаровски: Мора да бидеме правна држава ако сакаме да станеме членка на ЕУ

Мора да имаме правна разврска на случајот „Рекет”, но за сите други случаи индицирани во објавените снимки, за кои очекувам да биде поведена процедура, изјави денеска претседателот Стево Пендаровски.

– Мораме да го завршиме тој случај до крај, како што мораме да ги завршиме до крај и сите случаи кои исто ги споменав во обраќањето, а кои се индицирани во т.н. снимки. Не само заради тоа што треба, а треба за приклучување кон ЕУ и отворање преговори, туку заради нас, истакна Пендаровски одговарајќи на новинарски прашања на маргините на Регионалниот антикорупциски форум на СЕЛДИ во Скопје.

Тој нагласи дела со децении зборуваме дека треба да имаме правна држава, а ЕУ со децении и години наназад не предупредува дека немаме владеење на правото на нивото кое треба да го има земја кандидат и утре земја членка на Унијата.

– Ако дојдеме до половина пат, осудиме еден-двајца, а другите, да не кажам поголеми риби, ги оставиме на страна, не можеме да претендираме да бидеме дел од модерното европско семејство на народи и држави, потенцира Пендаровски.

Треба да знаете
Последни објави