Search

Пендаровски: Концептот заедно води и ќе победи во вториот круг

Концептот заедно води во првиот круг и ќе победи во вториот круг, изјави претседателскиот кандидат Стево Пендаровски на прес-конференција што се оддржа предмалку во централниот изборен штаб на владејачката коалиција на чело со СДСМ што го поддржува Пендаровски.

-Денешното гласање помина во демократски дух, очекувам да ги финишираме изборите. Едвај чекам да се фатам со работа на патот на евроатланска Македонија, 10 години оваа државата немаше претседател. Изборот во вториот круг ќе биде полесен зашто разликата меѓу мене и Силјановска е огромна и тоа ќе придонесе за решителност затоа што назад значи блокада и криза – рече Пендаровски.

Извор:Фокус.мк

Треба да знаете
Последни објави