Search

Пендаровски и сопругата ја украсија новогодишната елка со децата од „Доза среќа”

Новогодишната елка во Канцеларијата на претседателот денеска ја украсија претседателот Стево Пендаровски, неговата сопруга и децата и младите од „Доза среќа”.

-Василиј, Тихон, Наума, Христо, Марио, Матеј, Стефан, Ана -Марија, Дарко, Јована, Елена, Цако, Илина, Ники, Игор, Ива и Денис со мене и сопругата Бети ја украсија новогодишната елка во #МладиХаб- Канцеларија на претседател, објави претседателот на својот фејсбук профил.

Заедно со Кристијан, стои во објавата, се обидовме да им ја доловиме магијата на претстојните празници на децата и младите од дневниот центар „Доза среќа”. Празниците може да почнат.

Треба да знаете
Последни објави