Search

Пендаровски и Владата од прв ред го следеа „Одлучен удар“ на Криволак

Воениот полигон во Криволак беше домаќин на најголемата воена вежба „Одлучен удар“. Учество земаа пет земји членки на НАТО, САД, Литванија, Албанија, Бугарија и Црна Гора и македонската армија како претендент за членство.

На воената вежба присуствува и претседателот и врховен командант на армијата Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, министри во Владата, в.д. амбасадорката на САД Микаела Швајцер-Блум, високи воени и цивилни претставници на вооружените сили и министерствата за одбрана на САД, Бугарија, Албанија, Грција и НАТО, како и амбасадори и одбранбени аташеа акредитирани во земјава.

Вицепремиерите и министрите Османи и Радмила Шеќеринска, Оливер Спасовски, Драган Тевдовски и заменик министерот Андреј Жерновски заедно со премиерот Зоран Заев од хеликоптер со фотографии порачаа дека „Обезбедувајќи безбедност и сигурност, создаваме услови за стабилен економски развој, просперитет и поквалитетен животен стандард.

Исто така Министерката за Одбрана на Република Македонија напиша на социјалните мрежи дека сега Македонија е рамо до рамо со колегите од САД, Литванија, Црна Гора, Албанија и Бугарија.

Одлучен удар“ е најголемата вежба што досега се одржала во нашата земја. На неа, покрај македонската и американската армија, кои учествуваат со по 1.300 војници, застапени се и армиите на Црна Гора со 75, Литванија со 10 и Бугарија и Албанија со по 25 војници.

Треба да знаете
Последни објави