Search

Пендаровски – Илјас: Политичката енергија да се насочи кон реформските приоритети

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими претседателот на Демократската партија на Турците на Македонија, Бејџан Илјас со кого констатирале дека во овој важен период за државата целата политичка енергија треба да се насочи кон исполнување на реформските приоритети од интерес на сите граѓани, со цел напредок на евроатлантскиот пат.

– Во тој контекст, претседателот Пендаровски порача дека припадниците на турската етничка заедница во Република Северна Македонија, заедно со другите етнички заедници даваат активен придонес за градење на рамноправно, стабилно и просперитетно општество, соопшти Кабинетот на Претседателот.

 Лидерот на Демократската партија на Турците, воедно, упатил честитки до Пендаровски по повод стапувањето на функцијата и му посакал успех во неговата работа.

Треба да знаете
Последни објави