Search

Пендаровски за „Фокус“: Во идната влада не смее да има ниту еден министер со афери

Од стратегиска важност е сите министри во идната влада да имаат јасен демократски капацитет и проевропска ориентација, вели претседателот Стево Пендаровски во интервју за неделникот „Фокус“ за составот на владата која ќе ја води државата низ сложен и долг процес на преговори со ЕУ.

-Но, не е само тоа. Тие треба да бидат луѓе кои не биле инволвирани во ниту една афера со криминален бекграунд имајќи предвид дека нашиот далеку најважен предизвик во годините што доаѓаат ќе биде владеење на правото, и последно, но не и најмалку важно, не само првиот, туку и вториот и третиот ешалон на функционери да можат да добијат безбедносен сертификат од НАТО бидејќи како земја-членка само така ќе нѐ прифатат како кредибилен партнер од доверба во Алијансата, вели Пендаровски во интервјуто за „Фокус“.

Треба да знаете
Последни објави